Утрински Весник
Спорт

Аталанта го растури Баер за трофејот во Лига Европа

Atalanta.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Аталанта го совлада новиот германски шампион Баер Леверкузен (3:0) и го освои трофејот во Лига Европа. Ноќ за паметење во Даблин имаше Адемола Лукман кој ги постигна трите гола, со кои беше прекината низата од 51 натпревар без пораз на „фармацевтите“. Лукман погоди двапати во текот на првото полувреме, а Леверкузен не успеа да го возврати ударот и не беше најдобра во првите 45 минути. Избраниците на тренерот Чаби Алонсо не ги оправдаа очекувањата ниту во вториот дел од мечот. Лукман во 75 минута ги постави конечните 3:0 и ги урна сите надежи дека Баер сепак може да се врати во игра и да го избегне поразот како што успеваше сезонава по негатива од два гола. Ова е прв натпревар сезонава на кој не постигна гол, па поразот беше неминовен. Тренерот на тимот од Бергамо, Џан Пјеро Гасперини како награда за осумгодишната работа се израдува на првиот освоен трофеј со Аталанта.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028