Утрински Весник
Македонија

Одреден бројот на студенти кои ќе се запишат на Воената академија во учебната 2024/2025 година

21052024 Vrsm 2.jpeg

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.

Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.

Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР” во Република Косово.

Можете да прочитате

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома

Јакимовски: Да воведеме и данок на изгубени премиери, купени дипломи, фалсификувани сертификати?

Тодоровска: Народот веќе не му верува, Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон