Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет со 10 гласа „ЗА“ ја исклучија јавноста од седницата

Img 8312.png

Вечерва на полноќ започна итната седница на Судскиот совет, на која ќе се бара одземање на имунитетот на судијата Наќе Георгиев, кој беше фатен при поткуп од 10.000 евра.

На седницата иако беа присутни значителен број на медиуми, сепак членовите одлучија со 10 гласа „за“ да ја исклучат јавноста.

Засега не е познато колку ќе трае седницата, и кога би можело да биде објавена одлуката.

Инаку, вечерва беа направени претреси на повеќе локации, како и Врховниот суд, канцеларијата која ја користел.

Можете да прочитате

Одбраната во „Пулс“ бара ревизија на обвинението и ослободување на лица кои веќе не биле на функција

Усвоени дел од забелешките за Законот за високо образование

Муцунски: Побаравме решенија за македонските возачи и транспортниот сектор при имплементацијата на новите ЕУ системи