Поранешниот спортски директор на Ница, Флоран Гизолфи, ќе стане нов спортски директор на Рома, изјави претседателот на францускиот фудбалски клуб Жан-Пјер Ривер, пренесуваат француските медиуми.
-Гизолфи не напушта, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добар човек и тоа многу го цениме. Му посакуваме се најдобро. Тој побара да замине и ние прифативме – изјави Ривер.
Француските медиуми пренесуваат дека Гизолфи со меѓусебен договор ќе го раскине договорот со Ница, што значи дека Рома нема да мора да плаќа отштета.
Ница ја заврши сезоната во францускиот шампионат на петтото место на табелата со 55 бодови.
Гизолфи на местото спортски директор на Рома ќе го замени Тиаго Пинто, кој поднесе оставка на почетокот на годината.