Утрински Весник
Македонија

Приведен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Rjmet Apsenje 333811.jpg

Полицијата приведе триесет и петгодишен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. – Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци. Лицето агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес.  Заканите биле упатени во угостителски објект. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол