Утрински Весник
Македонија

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Img 8223.jpeg

Мицотакис се поотворено се заканува дека на Македонија ќе и биде блокиран патот кон ЕУ доколку го игнорира преспанскиот договор. Грчкиот премиер потенцира дека во основата на договорот е концептот на именување „ерга омнес“ и тоа треба да важи за сите во и надвор од државата. Во спротивно  предупредува дека никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа нема да се постигне. Мицотакис оцени дека првите потези на однесување биле многу негативни и утрово испрати нова порака до идната влада на земјава, без целосно усогласување со новото уставно име, Грција нема да ги ратификува меморандумите.

„Сакам да потсетам дека не гласавме за Договорот од Преспа, бидејќи изразивме силна резерва за тоа што со овој договор се признава македонската нација и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина што не гласавме за договорот. Но, по прашањето за името има многу јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата. Да се почитува оваа централна одредба од Договорот од Преспа, да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија

Дека официјална Атина  е многу сериозна во предупредувањата, говори и фактот што грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска.

„Јас лично интервенирав да го информирам раководството на Европската Унија за изјавите на претседателот на Северна Македонија. Осуди имаше и од претседателот на Комисијата и од претседателот на Советот и од САД. Така, верувам дека ќе се изврши севкупен притисок врз раководството на Северна Македонија да не направи значително повлекување“,

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски по ваквите предупредувања изјави доколку Грција смета дека е прекршен преспанскиот договор постои меѓународен суд каде може да се соочат аргументите. Ја повика Грција да не ги употребува „мускулите“ и да „престане со закани и опструкции“.

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ