Утрински Весник
Свет

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

Izrael Palestina.jpg

Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег.

Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на Хамајс.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во воздушниот напад повредени се осум лица, ко се хоспитализирани во две болници во Западен Брег. 

Можете да прочитате

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа

Три ракети и два дрона утрово навлегоа во воздушниот простор на Молдавија

Синдикатите на станарите во Шпанија повикаа на протести и генерален штрајк