Утрински Весник
Свет

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

20240518091430 Big 730x400 72.webp.webp

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух.

Можете да прочитате

Франција во затворите има над 90.000 осудени лица

18-годишник со автомобил се заби во навивачи во Австралија, 10 повредени

Големи поплави во Шпанија, има и загинати