Утрински Весник
Балкан

Кирил Петков учествувал во сообраќајка, има повредени

Kiril Petkov.jpg

Денеска во 17 часот и 30 минути на влезот во населеното место Аксаково крај Варна излетал автомобил во кој се возел копретседателот на партијата Промените Продолжуваат и екс бугарски премиер, Кирил Петков.

Како што јавуваат бугарските медиуми несреќата ја предизвикал автомобил кој наеднаш влегол во спротивна насока.

„Во автомобилот се возеле маж и жена на возраст над 60 години. Веднаш пристигнала полиција, има повредени“ објавено е на профилите на социјалните мрежи на партијата Промените продолжуваат. . 

Можете да прочитате

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија

Хрватска се разбуди со страшни сцени: Една загината и 42 повредени во пожарот

Седум лица се борат за живот по синоќешниот пожар во Омиш