Утрински Весник
Магазин

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Rabota Od Doma.jpg

Вработените кои работат од дома многу поретко се жалат на здравствени проблеми отколку вработените кои работат во канцеларија, покажа студијата на Универзитетот во Констанц, Германија.

– Работниците кои мораат да бидат присутни на работното место имаат двојно поголема веројатност да се жалат на здравствени проблеми како исцрпеност или стрес отколку работниците кои работат од дома – вели Флоријан Кунзе, раководител на студијата на Универзитетот во Констанц.

Во исто време, покажува студијата, вработените на работното место не чувствуваат дека нивните перформанси се повисоки отколку кога работеле од дома.

– Компаниите по секоја цена треба да ги земат предвид резултатите од оваа студија при донесување одлука дали работниците кои работат од дома треба да бидат принудени да се вратат на своите работни места – вели Кунзе.

Коавторот на студијата Килијан Хампел посочува на податоците од студијата кои покажуваат дека третина од водечкиот персонал смета дека враќањето на обврската за доаѓање на работното место е значајно, додека само една петтина од вработените го делат ова мислење.

Според последните податоци за 2022 година, 24 отсто од вработените во Германија работеле од дома постојано или повремено.

Според истражувањето на Институтот „Југов“, дури 47 отсто од испитаниците би почнале да бараат нова работа доколку работодавачот им забрани да работат од дома.

По пандемијата, за време на која работата од дома мораше да се овозможи секаде каде што е можно, работодавачите се враќаат на обврската да бидат присутни на работното место, при што многумина користат модел според кој 60 проценти од работното време се троши на работното место и 40 проценти воработа од дома.

Можете да прочитате

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк