Утрински Весник
Балкан

Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија

20240516111530 Big 730x400 52.webp.webp

Романската гранична полиција откри 62 сириски државјани скриени во полуприколка и во товарниот дел на камион на преминот Калафат кон Бугарија, соопшти денеска романскиот Генерален инспекторат на Граничната полиција.

Камионот, регистриран во Литванија, го управувал 33-годишен возач од оваа земја, а на релација Бугарија-Унгарија превезувал вреќи земја за цвеќе.

Во полуприколката биле скриени 33 лица, 31 маж и две жени од Сирија, а камионот наводно тргнал од Софија.

Можете да прочитате

Четири лица загинаа при пад на мал авион во Хрватска

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија