Утрински Весник
Спорт

Сензација во Купот на Романија – второлигашот го освои трофејот

Ce65adf7 F772 4406 9ab4 606225477e46.jpg

Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара е сензационален освојувач на Купот на таа земја и следната сезона ќе игра во квалификациите за Лига Европа.

Корвинул во финалето го совлада Оцелул Галати од првата лига по подобро изведување пенали (3:2). Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2.

Два гола за Оцелул постигна Aнес Рушевиќ во 27. и 58. минута од пенал, и двата пати за водство на фаворитот.

Сепак, упорните играчи на Корвинул одбија да го кренат белото знаме, Коман израмни на 1:1, па Манолас на 2:2.

Овој клуб е основан во 1921 година, четири пати во својата историја бил првак во втора лига, најдобар резултат во романскиот шампионат му е третото место во 1982 година, а сега е сопственик на првиот трофеј.

Успехот во купот на Корвинул му донесе пласман во Лига Европа.

Корвинул следната сезона ќе игра во првата лига, откако во последното коло од второлигашкиот плеј-оф успеа да избори место во највисокиот ранг на романскиот фудбал.

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони

Реал ќе му понуди нов договор на Винисиус