Утрински Весник
Свет

Голем шумски пожар беснее во Канада, најавена е масовна евакуација

Pozar Kanada.jpg
Dik 300x250 mk

Поради шумски пожар во близина на градот Форт Мекмареј на северот од канадската провинција Алберта, најавена е евакуација на повеќе од 6.000 локални жители. Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари и моментално е на оддалеченост од помалку од 10 километри од периферијата на градот.

Сувото време и силниот ветер придонесуваат за ширење на пожарот во правец на градот, јавува канадскиот јавен сервис ЦБЦ њуз. Регионалната општина Вуд Бафало во вторникот попладне прогласи вонредна состојба и издаде наредба за евакуација. Во сила е наредбата за евакуација за населбите Бикон Хил, Абасанд, Прери Крик и Грејлинг Тераса.

Голем шумски пожар во 2016 година предизвика значителна штета и предизвика евакуација на сите 66.000 жители на тој град. Сепак, според пожарникарите, природата на сегашниот шумски пожар е поинаква, бидејќи уништената шума се уште не е закрепната.

Ова значително ја забавува брзината на ширење на пожарот и им ја олеснува работата на пожарникарите. Во гаснењето на пожарот биле вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари. Во Алберта моментално беснеат околу педесет пожари, но само два се во близина на населени места.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник