Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред

579aa1be 8770 48e0 800c cb568eee39e3.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која беше избран за потпретседател на партијата, повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа.

„Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната на социјалдемократијата и борбата за достоинствен живот на граѓаните”, порача Герасимовски.


Тој истакна дека различното мислење не треба да биде причина за поделби, туку поттик партијата да стане посилна. Според него, првиот чекор кон враќање на довербата кај граѓаните е членовите повеќе да разговараат, да се слушаат и да работат заедно.

„Само сплотени можеме силно да се спротивставиме на режимот на ДПМНЕ. Само сплотени можеме да ги браниме нашите вредности. И само сплотени можеме повторно да ја вратиме довербата на граѓаните”, рече Герасимовски.

Заблагодарувајќи му се на претседателот Венко Филипче и на сопартијците за довербата, Герасимовски нагласи дека функцијата ја прифаќа со големо чувство на одговорност. Тој порача дека ќе биде отворен за секој член, за секоја добра идеја и за секоја критика што може да ја направи партијата подобра.

„Нема место за поделби. Нема место за суети. Нема место за стоење настрана и чекање некој друг да ја заврши работата. Секој е важен. Секој е потребен. Силата на СДСМ никогаш не била во еден човек. Силата на СДСМ била во луѓето”, истакна Герасимовски.

Тој го заврши обраќањето со повик до сопартијците: „Да се сплотиме. Да се исправиме. И да покажеме дека СДСМ има сила повторно да оди напред”.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими претставнички на Центарот за управување со промени

Муцунски на средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс

Минчев: Имаме капацитет и политичка волја за департизација на администрацијата