Утрински Весник
Македонија

Главчев: Бугарија поддржува европска перспектива на Македонија со почитување на сите договори

Glavchev 700x442 1.jpg

Македонско-бугарските односи остануваат во фокусот на јавноста во Софија, по заклетвата на новоизбраната македонска претседателка Гордана Силјановска-Давкова, кој при свечената заклетва во Собранието не ја изговори геогравската одредница за земјава во новото уставно име „Северна“. Бугарскиот в.д. премиер, Димитар Главчев повторно се огласил со реакција. Во однос на претседателските избори во Македонија, Главчев истакнал дека „Бугарија повеќепати изјавила дека е за европска перспектива на земјава, но мора да се чекори по патот, доколку се има таква желба Македонија да биде членка на ЕУ, што подразбира почитување на сите договори“. -Првиот таков договор го потпишавме на 1 август 2017 година (Договорот за добрососедство), а потоа во 2022 година се склучи Договор (францускиот предлог) во формат со целата ЕУ, потсетил бугарскиот в.д. премиер, објавија бугарските медиуми. Тој додал дека доколку „Република Северна Македонија продолжи да посакува членство во ЕУ, треба да ги почитува сите договори“. -Бугарија во никој случај нема да биде пречка за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, под услов да ги почитува сите услови од 2022 година до сега, рекол Главчев. Пред два дена, бугарскиот претседател Румен Радев со остро предупредување до политичарите во Македонија. -Европската перспектива на земјата зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрените чекори од Европскиот совет во јули 2022 година. Преговарачката рамка нема да се ревидира, се наведува во неговата изјава. Радев порача и дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Тој потсети дека Македонија е членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните должности и одговорности.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)