Утрински Весник
Македонија

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебе од Вевчани

Osnoven Sud Ohrid.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ  Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала.

Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните