Утрински Весник
Македонија

Сабриу: Од седум отворени избирачки кутии во четири биле констатирани неправилности

Fatmir Sabriu 750x430 1.jpg

Претставници на коалицијата „Вреди“ на прес-конференција одржана во Тетово посочија примери за прекршување на Изборниот законик во шестата изборна единица. Портпаролот на Движење Беса, Фатмир Сабриу, во име на коалицијата образложи дека тоа го потврдува и прифаќањето на приговорите од старана на Државната изборна комисија (ДИК). – Со одлука на ДИК уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. ДИК постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата „Вреди“ поднесени за некои избирачки места во шестата изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во избирачко место 0387 Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт – истакна Фатмир Сабриу. Според коалицијата „Вреди“ искривена е волјата на граѓаните кои излегле на гласање. -Замислете од 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отворање на кутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат – истакна Сабриу.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница