Утрински Весник
Свет

ЕУ го продолжи бесцаринскиот режим за украинските земјоделски производи

2402475.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Eвропската унија го продолжи бесцаринскиот увоз на земјоделски производи од Украина за уште една година, со можност за автоматско воведување царини за некои производи во случај на поголемо нарушување на пазарот.

На 23 април, Европскиот парламент гласаше за продолжување на увозот без царина, а Советот ја донесе конечната одлука во понеделникот.

Во јуни 2022 година, ЕУ ги суспендираше царините за украинските земјоделски производи за да и помогне на земјата да се одбрани од руската агресија. Сега бесцаринскиот режим е продолжен до 5 јуни следната година, со воведени одредени ограничувања.

Новата регулатива воведува безбедносен механизам кој ќе и овозможи на Комисијата да дејствува брзо во случај на големи нарушувања на пазарот на една или повеќе земји-членки.

Доколку увозот на одредени производи како живина, јајца, шеќер, гриз, пченка и мед го достигне просекот за периодот од 1 јули 2021 до 31 декември 2023 година, тарифите автоматски ќе бидат повторно воведени.

Ограничувањата беа воведени како одговор на незадоволството на земјоделците во Европа. Така, на пример, полските земјоделци постојано ги блокираа патиштата кон Украина, тврдејќи дека увозот на поевтини украински производи претставува нелојална конкуренција.

Можете да прочитате

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства