Утрински Весник
Свет

Сменет командантот на украинската армија задолжен за фронтот кај Харков

Ukraina.jpeg

Украинскиот командант одговорен за фронтот на североистокот на Харков е сменет за време на руската офанзива во таа област, соопшти денеска портпаролот на украинската армија Назар Волошин.

Тој рече дека бригадниот генерал Михаило Драпатџи бил назначен за врховен командант на тој дел од фронтот.

Портпаролот не ја наведе причината за смената.

Киев во петокот објави дека руските сили се обиделе да ги пробијат украинските одбранбени линии во регионот на Харков.

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека продолжуваат тешките борби со руските сили во правецот Харков и дека ситуацијата динамично се менува.

Украинскиот Генералштаб наведува дека се борат за градот Волчанск и дека Русија во моментов постигнала тактички успех, пренесува Униан.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос