Утрински Весник
Балкан

Првата дама на Украина пристигна во Белград

2275828.jpeg

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, денеска пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија во 2022 година, што може да се прочита и како сигнал за оддалечувањето на Србија од Москва, нејзин традиционален сојузник.

Зеленска заедно со српската колешка Тамара Вучиќ и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој исто така е во прва посета на Белград, го обиколи градот и средновековната тврдина Калемегдан, пренесуваат српските медиуми.

Како што е објавено на Инстаграм профилот на Зеленска, таа го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“ во градската библиотека во Белград, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основана под нејзино покровителство.

Таа присуствуваше и на потпишувањето на договорот за соработка меѓу универзитетите во Белград и Киев.

Од 2022 година, Србија прифати илјадници украински бегалци, испрати хуманитарна помош во Украина и вети помош за деминирање на земјата и повоена реконструкција.

Можете да прочитате

ДРОГА ВРЕДНА 26 МИЛИОНИ ЕВРА: Во Турција запленети 350 килограми кокаин на брод

Во Турција масовно се апсат ЛГБТ активисти

Албин Курти повторно е мандатар за состав на Владата на Косово