Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и посвежо – 24info.mk

Oblacno Priroda.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит