Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар, ќе следат внатрепартиски избори

Kovacevski.webp.webp

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната прес-конференција изјави дека „денешниот резултат е разочарувачки и на СДСМ му е зададен тежок удар“. Тој ја честиташе победата на ВМРО ДПМНЕ и на Гордана Силјановска Давкова а им се заблагодари и на Пендаровски и на гласачите на СДСМ.

-Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание им посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и европската иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова на републиката и се надевам и посакувам функцијата да ја извршува во согласност со дадените

Тој рече дека покажале дека се државотворна партија, и дека не ги бојкотирале претседателските избори и оти докажале дека Македонија им е поважна,односно дека овозможиче да има цензус на изборите за претседател.

– Денешниот резултат е  разочарувачки, детално ќе анализираме и ќе го бараме  изворот и причините за овој поразителен исход.Јас и раководството имаме одговорност , а СДСМ треба добро да размисли што направивме во последните четири па и седум години што е тоа што треба да направиме да ја вратиме довербата,рече Ковачевски.

Најави нови внатрепартиски избори каде ќе се смени целото раководство на партијата но и дека ќе се бараат причините за поразот.

Можете да прочитате

Мицкоски постави нови луѓе во партиските комисии: Тошковски, Ташаминов, Клековски и Махмут со нови функции

Mинистерот за правда Филков реагираше на изјавата на вицепремиерот Сали за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик

Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити