Утрински Весник
Македонија

Касами: Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

Kasami 1.jpg

Коалицијата Вреди излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.

– Коалицијата Вреди е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам – изјави Касами.

Според анализите кои ги има, рече Касами, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

– Разликата во гласови нема да помине 10 илјади – нагласи Касами.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре