Утрински Весник
Македонија

Адеми: Европскиот фронт ќе биде сведок на историската победа на сите кои кажаа „не“ на Русија и „да“ за Европа

586914 0.basic Duahdad1.jpg

Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми од седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица на првата прес-конференција по завршување на гласањето на парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори го оцени денешниот изборен ден дека се одвивал непречено и без инциденти коишто би можеле да се одразат на овој процес. Тој изрази осуда, за како што рече, обидите на опозицијата за пропаганда, лажни вести и дезинформации.

– Европскиот фронт ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема и нема да има, бидејќи волјата на граѓаните е пред сè. На 24 април и денес народот го кажа својот збор и Европскиот фронт ќе остане засекогаш верен на волјата на гласачот. Вечерва победата е наша, на сите вас кои кажавте „не“ на Русија, „да“ за Европа. Исто како и денес активното учество на граѓаните во политичките процеси ќе биде одлучувачко за понатамошното унапредување на демократијата во Северна Македонија, рече Адеми.

На новинарско прашање дали гласал лично на претседателските избори, Адеми рече дека не го направил тоа, но посочи кој од ДУИ го искористил тоа право.

– Ние ги оставивме нашите поддржувачи да одлучат самостојно како ќе се однесуваат апропо претседателските избори. Ако направиме една споредба меѓу процентот на излезност на претседателските и на парламентарните избори, може да се констатира дека има една мала разлика, но не до тој степен, да се одрази на фактичката состојба на нашите поддржувачи на изборите на 24 април. Имало поддржувачи на Европски фронт кои ја изразиле својата волја на претседателските избори. Претседателот Ахмети гласаше денес, премиерот Џафери гласаше денес, министерот за надворешни работи, граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат или не, истакна Адеми

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна