Утрински Весник
Балкан

Ескобар заминува оти му е истечен мандатот, а не дека е разрешен

Gabriel Eskobar.jpg

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска соопштил дека ја напушта функцијата на крајот на месецот, бидејќи му истекува мандатот. Ескобар на онлајн прес-конференција објаснил дека мандатот на оваа функција е три години и дека одамна му е истечен, но побарал да остане уште некое време бидејќи верувал дека ќе има поголем напредок во имплементација на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина и примената на ЗСО, како и пристапот на Косово кон ЕУ. Тој изразил и надеж дека евроатлантскиот пат на Северна Македонија ќе продолжи и по двојните избори кои се оддржуваат денеска. Ескобар навел дека е лага информацијата објавена од новинар дека е разрешен поради наводни врски со српската влада и додал дека оваа информација стигнала во јавноста откако ги известил косовските власти за неговото заминување.

Можете да прочитате

Дејан Бодирога кандидат за пратеник на студентската листа

Амбасадата на САД во Приштина: Во среда се очекуваат големи протести во Косово

Ситуацијата со пожарот на Брач е подобра од претходно, должината на пожарот е речиси 40 километри