Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Img 7768.jpeg

„Сите вие кои ќе излезете на гласање на 8-ми мај мора да имате предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана. Ако десничарска партија како ВМРО добие голема институционална моќ, со сите државни ресурси на располагање, многу е веројатно дека ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива, но и демократска преспектива“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.

Тој додаде дека доаѓањето на ВМРО на власт ќе стави крај на независните медиуми и речиси сигурно ќе стави крај на независното судство, правдата и правичноста, на сметка на зголемените меѓуетнички тензии.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ играат опасна игра. Она што е во наша корист е тоа дека ги знаеме и сите знаеме како изгледа владеењето на режимот“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека имаме историска одговорност пред граѓаните да се обезбеди европска иднина за нашите деца и внуци.

Можете да прочитате

Пановски за „Фокус“: ВМРО-ДПМНЕ за инает на Арсовска ги саботира и сопствените проекти

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари