Утрински Весник
Свет

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Picture 141 660x485 1.jpg

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека отпорот, како што наведе, на „израелската окупација“ повеќе не е војна меѓу Израел и Палестина, туку „борба меѓу угнетувачите и угнетените ширум светот“.

Во обраќањето на 15-тиот самит на Организацијата за исламска соработка, што се одржува во Банџул, главниот град на Гамбија, Фидан рече дека ниту една членка нема право да ги решава своите несогласувања преку „крвта на Палестинците“.

Фидан додаде дека должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците.

Можете да прочитате

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

Најмалку 11 загинати во Газа во израелски напади и покрај примирјето