Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Скандалозно е што Битиќи им пишува на компаниите гласајте за СДСМ, затоа што ви даваме помош

Hristi An Mickoski 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот” во дневникот на Сител истакна дека скандалозно е што вицепремиерот Битиќи им пишува на компаниите да гласат за СДСМ затоа што добиле државна помош и побара обвинителството да покрене истрага и да докаже дека не е партизирано.

– Шокантно беше сето тоа, затоа што во минатото ќе потсетам имаше еден случај кој се нарекуваше Траекторија во којшто луѓе одговараа за нешто кое не го сториле, односно дека прибавиле некаква политичка добит, затоа што ја злоупотребиле својата положба согласно КЗ член 353. Денеска имаме ние писмо кое го испраќа вицепремиерот на влада во кое вели дека тој како вицепремиер се заложил да добијат некаков начин на добивка и во име на тоа бара од нив да го дадат гласот за него, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако тогаш во минатото се случувало да обвинителството покрене истрага против лица кои оствариле политичка добивка, тогаш не гледа зошто не би го направиле и сега.

– За жал од обвинителството засега нема ни трага ни глас, а треба да покрене истрага. Ако не се случи тоа, тогаш се потврдува нашата теза за октроирано и партизирано обвинителство, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе