Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

926aa0f4 4d87 4df5 B9ca F5e9a7bf28ab.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

„Гласањето на 8 мај почнува од нула, затоа, апелирам и повикувам, убаво размислете кому ќе ја дадете својата поддршка”, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од денешниот митинг во Кичево.  

„Вашиот глас е моќно демократско оружје! Затоа убаво размислете во чии раце ќе ја дадете власта. Дали на СДСМ за државата цврсто да продолжи да гази по патот кон ЕУ или на Мицкоски и неговата екипа од Белата палата, која ќе не врати во минатото на изолации и блокади”, истакна Ковачевски.

Првиот човек на СДСМ и носител во ИЕ 1 рече дека Мицкоски и Силјановска немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ, туку напротив, ќе ја изолираат, затворат и скараат Македонија со соседите и со меѓународната заедница. Ковачевски пред граѓаните на Кичево, истакна дека СДСМ и Коалицијата се единствената искрена проевропска политичка опција на овие избори.

„Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки. Ветуваме повисоки плати и пензии, многу поволности за нашите млади, уште поголема поддршка на домашните компании за зголемување на инвестициите и зголемување на бројот на работници. Намалување на невработеноста на едноцифрена бројка од 7%. За вистинските земјоделци ќе обезбедиме поддшрка од 1,35 милијарди евра”, рече Ковачевски.  

Им порача на Мицкоски, Силјановска и Ахмети дека времето на националистичка реторика и заплашувања со меѓуетнички тензии е одамна завршено.

„Токму Кичево е еден од градовите каде градиме соживот, толеранција и разбирање. Тој предизвик не е секогаш лесен, но ние вложивме огромни напори да ги унапредиме меѓуетничките односи во државата. На 8 мај, да им испратиме јасна и гласна порака на сите ретроградни сили, дека во Македонија живеат прогресивни и умни луѓе кои сонуваат за европска иднина за себе и за своите деца. Да кажеме стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби, тензии и конфликти”, истакна Ковачевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Можете да прочитате

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама” 

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет