Утрински Весник
Македонија

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја 

0014 04 05 24 Shuto Orizare Scaled.jpg

„На 8-ми мај да излеземе на гласачките места и да го заокружиме бројот 1, затоа што тоа е бројот кој ги обединува сите различности во европската идеја. Само така може да напредуваме, со прифаќање на нашите различности како дел од нас, од Македонија”, им порача на жителите на скопската општина Шуто Оризари Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 2.

Тој истакна дека сплотеноста во европската идеја се протега многу подалеку од партиските и етничките разлики.  

„Не постојат граници за мисијата за обединување на различностите и зачекорување кон европското семејство.  Ние одбиваме да бидеме поделени. Во Коалицијата за европска иднина има место за сите, ги прифаќаме разликите како важен дел од нас, нашата идеологија е социјалдемократијата – единство во различностите и солидарност со сите”, порача Битиќи.

Битиќи порача дека СДСМ верува во потенцијалот на секој граѓанин, во неговата способност на 8-ми мај да донесе разумна одлука за иднината на државата.

„Ве повикуваме во среда, на гласачките места, да ни се придружите во нашата мисија и  заедно да градиме општество во кое  достоинството нема да биде луксуз, туку право на секого”, порача Битиќи.

Можете да прочитате

Костадиновска – Стојчевска: Гаши уште во првите пет минути ги прекрши законите и покажа дека не е подготвен да го води Собранието

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

Забрчанец: Регионалната соработка на Западен Балкан е можна само ако опстојат доволен број прогресивни политички претставници и лидери