Кандидатката за претседател од Левица од првиот круг Билјана Ванковска на социјалните мрежи со критки до нејзината кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова поради нејзината изјава дека Лукоил бил руско влијание.
Според Ванковска, знаењето на Силјановска за Кина било скандалозно.
„Господе боже! Лукоил бил руско влијание и за Гога! Па таа и Пушкин ќе го укине! А за Кина немала поим! Ја читала американската мисионерка Перл Банк која живеела во Кина од пред речиси 100 години! Ајмеее!“, вели Ванковска и додава дека нема да гласа за Давкова во вториот круг.
На објавата, свој коментар даде и сопругата на Апасиев која напиша дека Силјановска си го покажала лицето во Собрание и дека денес шири празна демагогија.
„Во Собрание си го покажа лицето. Сега е само повеќе од веќе виденото – празна демагогија по нотите на тој што ќе свири“, вели таа.
Ванковска во еден од коментарите додава дека тоа што во јавноста се вели дека се пријателки со Силјановска е медиумска мантра.
„Тоа е медиумска мантра дека сме пријателки… овде бевме и сме во идеолошка и политичка битка на различни страни. Јас напаѓам ФАКТИ, а не делам ad hominem квалификации. Ако за Кина знае од Перл Бак, тоа е скандалозно за претседателка на држава!“, додава таа.