Утрински Весник
Балкан

Посилен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во БиХ и Италија

9dd5de7a 5474 4602 848e 18ec8d59b571.jpg

Посилен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на Слуњ, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска.

„Сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од Слуњ. Магнитудата на земјотресот е 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) најпрвин соопшти дека се работи за земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, а подоцна ја намалиле магнитудата на 4,6 степени. ЕМСЦ јавува дека земјотресот бил почувствуван и во БиХ и Италија.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната