Утрински Весник
Македонија

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Picture 1252 660x487 1.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест  по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

Pet Utrinski

 – Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Screenshot

 Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

  -Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

 На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

 На Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание – Стопанска комора – Влада.

Можете да прочитате

Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано

Тимовите на СТЕМ Академија освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт