Утрински Весник
Македонија

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор

Screenshot 2024 04 27 120957.png

Драмски театар од Скопје, денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст. Од ДТС информираат дека текстот ќе се избира преку јавен конкурс, за што дополнително ќе ја информираат јавноста кога ќе биде објавен. -Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмски за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела ‘Јане Задрогаз’ и ‘Диво месо’ во соработка со Драмски постигна успеси за паметење”, велат од Драмски. ДТС ќе учествува и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Горан Стефановски почина пред пет години на 66-годишна возраст.

Можете да прочитате

Деспотовски: Силен и реформиран СДСМ ќе биде надеж за сите граѓани

Аглер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати, СДСМ 18 мандати

Утрински Весник