Утрински Весник
Македонија

Сончево со услови за локални врнежи

Screenshot 2024 04 27 082804.png

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, најавуваат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотарен пороен дожд во делови од скопскиот регион. Темепратурата во главниот град ќе се движи во интервал од 6 до 22 степени.

Можете да прочитате

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

ЦУК информира за четири активни пожари, Трубарево и Дрисла под контрола

Утре со ведро и посвежо утро, преку денот сончево