Утрински Весник
Свет

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Picture 1238 660x438 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанските власти соопштија дека заплениле 25 тони хашиш скриен во камион со дињи кој доаѓал од Мароко и патувал за Франција.

Стоката вредна 50 милиони евра е откриена во пристаништето Алгесирас, на југот на Шпанија. Хашишот бил скриен во камион, во 22 дрвени гајби.

Крајната точка на неговото патување бил градот Перпињан, кој се наоѓа на југот на Франција.

Пратката е најголемиот товар хашиш запленет на шпанските патишта од 2015 година, кога властите запленија 48 тони хашиш скриен во камиони, исто така во Алгесирас.

Шпанија се смета за главната точка преку која хашишот што доаѓа од Мароко влегува во Европа.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција