Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Одговорно ги негуваме книжевните вредности и авторскиот труд

Bisera Kostadinovska Sto Chevska.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на книгата и авторското право, како ден кога ја славиме моќта на пишаниот збор, ги славиме книгите и творештвото на авторите.

„Наша одговорност и голема чест е да продолжиме да ги негуваме вистинските литературни вредности, да им ја откриваме радоста на читањето на помладите, да ги промовираме книгите пред поширока публика и да го заштитуваме авторскиот труд”, вели министерката за култура.

Таа додава дека продолжува поддршката на авторите кои со својата креативност и труд го обликуваат нашиот свет.

„И во ова време на дигитализација и брза размена на информации и содржини, книгата, како софистициран израз на човековата мисла, останува важен дел од нашата култура и секогаш ја има поддршката од Министерството за култура”, порачува Костадиновска-Стојчевска.

На Светскиот ден на книгата и авторското право, светот посебно внимание посветува и на заштитата на авторскиот труд и интелектуалната сопственост. Затоа, вели министерката за култура:„Продолжуваме кон целосно имплементирање на европски закони и стандарди за да ја унапредиме заштитата на авторското право, прашање од големо значење за културниот развој на општеството преку создавање нови вредни дела”.

Можете да прочитате

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста

Бадникова ноќ: Тивка и посна вечер во пресрет на Божиќ