Утрински Весник
Македонија

По краткиот престанок на врнежите – Во текот на претстојната ноќ и утре нов поголем влажен бран од југ ни носи нови пообилни врнежи од дожд, дожд ќе има и во Скопје

Download 2 1.jpg

По денешниот претежно стабилен и сув ден, во текот на претстојната ноќ и утре територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов поголем влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови нови пообилни врнбежи од дожд на повеќе места низ Македонија. Провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.

Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).  Особено Долж Повардарието повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Во Скопје  и околината исто така утре очекуваме нови врнежи од дожд, додека денешниот ден ќе биде претежно стабилен и сув. Што се однесува до температурите, максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, а утре тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 17 степени, додека утре таа ќе биде нешто пониска  и ќе се искачи до околу 14 степени.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка