Утрински Весник
Македонија

Прв средношколски самит за кариерен развој

20240421210452 Big 730x400 17.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот средношколки самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academу“ и во соработка со Сојузот на средношколци.

На самитот ќе се разговара за важноста на неформалното образование и континуираното учење, како да се избере идната професија и да се започне кариерата со креирање на силен персонален брендинг. Предвидено е да има и панел дискусија на која ќе бидат опфатени темите од областа на образованието и можностите за младите, но фокус ќе биде ставен и на тоа како да се насочат правилно младите за да имаат кариерен успех во идинина.

Можете да прочитате

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка