Кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски реагира на повикот на Христијан Мицкоски за мораториум на нападите кон ЗНАМ и Левица.
„За среќа конечно маските паднаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија, изјави денеска претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и стануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас сум многу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“.
Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат во Уставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но ова повеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сака спротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение кое кажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаат усогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате
да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ.
Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоа што граѓаните јасно можат да видат, а по готово гласачкото тело на ЗНАМ и на Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваа држава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро за Македонија“ и ГРОМ! – нагласи Јакимовски.