Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари

7d1c1696 6fcf 491b B17b 5261d7bfbb06 Scaled.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев  беше во работна посета на подрачјето на  СВР Куманово и СВР Штип каде што оствари работни средби со раководствата на Полициското одделение Старо Нагоричане, Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип, во рамки на серијата посети со цел увид во постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и во евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.  

„Заклучокот од сите состаноци беше дека безбедносната состојба е поволна и стабилна. Штабовите за претседателските и парламентарните избори функционираат, прибираат информации, со цел фер, слободни и деморкатски избори, како што беа од 2017 година навака, а така ќе бид еи овие избори ќе го дадеме максимумот од МВР.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100% сите полициски објекти во овој реон се реконструирани а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди  како и заштита на животната средина”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР  Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени  вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа”, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР  Штип, по цели 50-60 години,  ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

Воедно, Бојмацалиев информираше дека колегите ги информирал дека бонус платата од 36.000 денари за 2023 година ќе биде исплатена на вработените во МВР кои ги исполнуваат условите по завршување на техничката Влада, согласно позитивните законски прописи. Тој додаде дека до 2017 година не беа исплаќани бонус платите, од 2017 година до денеска сите бонус плати се исплаќаат редовно, така ќе продолжи и во наредниот период.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете