Утрински Весник
Македонија

Силјановска го рекламира членството во НАТО во својата програма, а се противи на Договорот што го обезбеди членството

7ee1718d 2976 4936 96ed 5359afec624b.jpg

Гордана Силјановска Давкова како и останатите кандидати ја претстави својата програма пред гласачите.

Покрај точките што Силјановска Давкова и јавно ги искажува како заложби, во нејзината програма има еден неочекуван детал.

Имено, во програмата на Силјановска Давкова е наведено дека Македонија е кредибилна НАТО членка.

Давкова слично постапува и во спотовите каде што вели дека нашата држава е почитуван НАТО сојузник, со што самата оддава признание на полноправното членство во Алијансата што беше децениска стратешка цел на државата.

Но Давкова беше еден од главните противници на Договорот што донесе членство во НАТО, односно на Преспанскиот договор.

Од неговото потпишување, па се до „вчера“ Давкова и нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ беа гласни противници на Договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа е штетен за државата“ „Ќе барам да се поништи Договорот од Преспа“ „По Договорот од Преспа сменет е идентитетот“ се само дел од ставовите на Давкова за Преспанскиот договор.

Токму со Договорот а потоа и со уставните измени Македонија стана дел од НАТО Алијансата со што се реализираше децениска стратешка цел која многу лесно можеше да се случи во сега веќе далечната 2008 година на Самитот во Букурешт.

Можете да прочитате

Маричиќ од Котор: Европеизацијата на државата со Планот за раст мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин

Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка

125 санкционирани возачи во Скопје