Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите, а не на елитите

Dafina16042024.jpg

Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.

Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година