Утрински Весник
Свет

Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Picture 704 660x487 1.jpg

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека е подготвен да склучи мировен договор со Азербејџан врз основа на одредбите од Декларацијата од Алмати од 1991 година. Пашинјан, кој е во официјална посета на Астана, разговараше со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев за безбедносната состојба и стабилноста на Јужен Кавказ. „Ерменија е подготвена да потпише договор со Азербејџан во рамките на претходно договорените принципи заради стабилноста и мирот во регионот, врз основа на трите принципи кои се веќе договорени меѓу Ерменија и Азербејџан“, рече премиерот на Ерменија, пренесува „Арменпрес“. Тој потсети дека станува збор за меѓусебно признавање на територијалниот интегритет врз основа на одредбите од декларацијата донесена во градот Алмати, Казахстан на 21 декември 1991 година и спроведување на процесот на демаркација на ерменско-азербејџанската граница, како и деблокирање на регионалната инфраструктура заснована на принципите на почитување на суверенитетот и јурисдикцијата на државите, реципроцитетот и еднаквоста.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години