Утрински Весник
Свет

Во Сиднеј свештеник избоден со нож во текот на служба, повредени најмалку четири лица

Picture 707 660x395 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј. Нападот се случил во црквата „Христос Добриот Пастир“ во Вејкли, додека свештеник водел богослужба, која била емитувана на интернет. На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош. Меѓу повредените има четворица мажи, за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и свештеникот. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на свештеникот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е верификувана, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

Можете да прочитате

Трамп: Имав многу продуктивен телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски

Силна бура ги погоди нордиските земји: Три лица загинаа во Шведска

Украина погодила голема рафинерија во рускиот регион Самара