Утрински Весник
Балкан

Во Софија се одржува конференција за безбедност во регионот на Црното и Азовското Море

543.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делегации од 42 земји и осум меѓународни организации денеска во Софија ќе учествуваат на конференција за безбедност во регионот на Црното и Азовското Море.

Втората конференција за безбедност на Црното Море е заеднички организирана од Украина и Бугарија, со цел да се развијат ефективни стратегии како одговор на постоечките предизвици и да се обезбеди одржлив развој за сите мирољубиви нации во регионот, соопштија украинските власти.

Учесниците на конференцијата ќе го анализираат влијанието на руската војна против Украина врз безбедносната ситуација во регионот на Црното Море и Азов и пошироко, ќе разговараат за стратегиите за одговор на постоечките закани и иднината на регионалната безбедност.

Конференцијата е коорганизирана од министерствата за надворешни работи и за одбрана на Украина и Бугарија во партнерство со Украинскиот центар за одбранбени стратегии.

На конференцијата ќе се одржат три панели: „Заеднички напори за зачувување на стабилноста во предизвикувачка геополитичка средина“, „Победа во битката за Црното Море: Воена стратегија за Украина“ и „Обезбедување поморска стабилност: улогата на меѓународните организации во безбедноста на Црното Море“.

Можете да прочитате

Албанскиот водител Елтон Тозај тешко претепан на автопатот Тирана–Драч

Утре втори парламентарни избори во Косово

Грчките актери излегоа на штрајк во барање за колективни договори