Утрински Весник
Свет

Норвешка е подготвена да ja признае палестинската држава

O 1883900 1024.png

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе (во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање).

-Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време и контекст, во тесна соработка со истомислениците. Не одредивме конкретен датум – изјави Стјоре во Осло на заедничката прес-конференција со Санчез.

Норвешкиот парламент во ноември усвои предлог со кој се бара од владата да биде подготвена да ја признае независната палестинска држава.

Норвешка, исто така, беше домаќин на првите израелско-палестински мировни разговори на почетокот на 1990-тите, кога беше постигнат договор, но не беше спроведен, за мирен соживот меѓу двете независни држави.

Шпанскиот премиер оваа недела започна турнеја низ Полска, Норвешка и Ирска за да разговара за „потребата да се придвижи кон признавањето на Палестина“.

– Шпанија јавно се залага за признавање на палестинската држава, што е можно поскоро, кога ќе се поволни условите и на таков начин што ќе има најсилно можно позитивно влијание врз мировниот процес – изјави Санчез во Осло.

Според пишувањето на шпанските медиуми кои го придружуваа Санчез на минатонеделната турнеја во Јордан, Саудиска Арабија и Катар, премиерот на Шпанија тогаш го спомена крајот на јуни како можен датум за признавање на Палестина.

– Ја поздравувам иницијативата на премиерот Санчез да се консултира со истомислениците со цел да се зајакне координацијата, а оваа координација ќе ја зајакнеме во наредните недели – рече норвешкиот премиер.

Санчез инаку е многу критичен кон односот на израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху од почетокот на конфликтот во Газа.

Војната меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас започна на 7 октомври во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Нетанјаху за налогот за апсење од МКС: Тоа е апсурдна одлука

Судењето против Трамп се ближи кон крајот

Путин назначи нов заменик министер за одбрана