Утрински Весник
Свет

Разбиена мрежа на фалсификатори на пари во Неапол, произвеле околу шест милиони лажни евра

B730e2ec E9f7 4399 Ad91 1f6de2084ae4.jpg

Италијанската полиција соопшти дека разбила мрежа на фалсификатори на пари во Неапол кои извезувале фалсификувани банкноти во Франција, Шпанија и Грција и уапсила неколку десетици лица, меѓу кои и тројца Французи.

Групата произвела „вкупно околу шест милиони евра“ во банкноти од 20, 50 и 100 евра, се вели во соопштението објавено по завршувањето на истрагата.

При полициската интервенција во седиштето на групата, запленети се околу 200.000 евра фалсификувани банкноти, а седум лица се уапсени, меѓу кои и тројца француски купувачи, кои штотуку купиле фалсификувани евра и се подготвувале да се вратат во Франција, се наведува во соопштението.

Седиштето на мрежата и печатницата на фалсификуваните банкноти се наоѓале во стан во Неапол во област контролирана од мафијашки клан на кои фалсификаторите му плаќале за осигурување.

Групата работела по принцип на нормална трговска дејност, со работно време секој ден од 9 до 17 часот, а во недела до 13 часот, информираат од полицијата.

Купувачите на фалсификувани банкноти можеа да го изберат и квалитетот на фалсификуваните пари.

Банкнотите од 50 евра го нарекувале „Марадона“, по аргентинската ѕвезда Диего Марадона кој играше за Наполи, или „Пеле“ по бразилската фудбалска ѕвезда.

Во рамките на оваа истрага, судот во Неапол издаде 63 потерници, од кои дел се приведени, а дел се во домашен притвор.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“