Утрински Весник
Свет

Девет мигранти го загубија животот, а 15 се водат како исчезнати откако брод се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза

Picture 581 660x441 1.jpg

Девет лица го загубија животот, а најмалку 15 се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза, јави ДПА, повикувајќи се на италијанската крајбрежна стража. Според податоците на италијанската новинска агенција АНСА, меѓу жртвите има и девојче на возраст од четири до осум години. Според агенцијата, во чамецот имало 46 лица. Тој се превртел во меѓународни води на околу 30 наутички милји југоисточно од Лампедуза, соопшти крајбрежната стража. Службата забележува дека напорите за пронаоѓање на преживеани се отежнати од бранови високи до 2,5 метри. Крајбрежната стража соопшти дека бродот испловил од тунискиот град Сфакс. И покрај големата гужва, патролен чамец успеал да извлече поголем дел од луѓето од превртениот чамец, но неколку мигранти починаа од хипотермија на пат кон Лампедуза. На малиот италијански остров беа однесени 23 преживеани. На неколку од нив им била потребна итна медицинска помош. Сè уште не се јасни точните околности на несреќата, бидејќи некои од преживеаните дадоа спротивни информации за тоа што се случило.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години