Утрински Весник
Свет

Воената хунта во Мали ги забрани сите политички активности до понатамошно известување

Picture 579 660x487 1.jpg

Воената хунта во Мали денеска ги забрани сите политички активности до понатамошно известување, објаснувајќи дека сака да го заштити јавниот ред и мир. Денешната одлука доаѓа по минатогодишната одлука за одложување на изборите на неодредено време. Портпаролот на воената хунта, Абдулаје Маига, ја прочита изјавата во телевизиско обраќање за време на прославата на Рамазан Бајрам во оваа западноафриканска земја. Во Мали имаше два државни удари од 2020 година, што доведе до бран на нестабилност што ја погоди Западна и Централна Африка, а ситуацијата ја влошија терористичките акции на исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Можете да прочитате

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков: Се товари за девет убиства со елементи на тероризам

Израелски министер: Нашата мисија во Иран не е завршена

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја